Минусни температури ширум земјава: Во Берово утрово е најстудено

веменска прогноза, метео, зима
Зима / Фото: МИА

Најстудено утрово, -4 степени се измерени во Берово, а максимални осум степени се измерени во Дојран.

Како што информира УХМР, -1 е во Крива Паланка, 0 во Виница, 1 во Тетово, Струмица, Маврово и Лазарополе, 2 во Штип и Крушево, 3 во Битола и Прилеп, 4 во Скопје и Куманово, како и 5 степени во Охрид, Претор, Демир Капија, Гевгелија и Дебар.

Преку ноќта беше претежно облачно, само во крајните источни делови имаше мала облачност. Во Полошката и Струмичката котлина, како и во местата над 800 метри надморска висина имаше појава на магла. Врнежите од дожд почнаа најпрво во југозападниот дел од земјата, а во раните утрински часови се проширија во западните делови. Слаб дожд утрово има и во Скопската котлина. Изминатите 24 часа најмногу, четири литри на метар квадратен, наврнаа во Охрид и Дебар, два во Лазарополе, Претор и Крушево, а еден литар воден талог се изменрени во Маврово.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, особено попладне и во текот на ноќта, кога врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот