Министерот Филипче постигна договор со приватните специјализанти

Постигнат е договор со кофинансираните специјализанти, а приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019 ќе бидат платени за својата работа од февруари 2020 година, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче, како што соопшти неговиот Кабинет, вчера и денеска остварил средби со приватните и со кофинансираните специјализанти.

Приватните специјализанти ги информирал дека ќе бидат платени за работата од февруари 2020 година, со што ќе бидат изедначени со статусот на нивните колеги кои првпат добија надоместок за својата работа во 2018 година.

Постигнат е договор и со кофинансираните специјализанти. Филипче на средбата со нив изјавил дека се пристапува кон измена во Законот за здравствена заштита согласно нивните барања. Со ова, оценил тој, се подобрува статусот и мотивацијата на кофинансираните специјализанти за натамошна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот