Министер ѝ диригираше, а таа пееше на цел глас: Колинда Грабар-Китаровиќ се опушти во Њујорк
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на дружењето со луѓето од постојаната мисија на Хрватска при Обединетите нации (ОН) во Њујорк, во добро засположение запеа и се дружеше со сонародниците во САД. Сепак, во оваа прилика таа не го пушти гласот како што тоа го направи во тек на на прославата за мисијата „Олуја“ во тврдината во Книн, објави „тпортал.хр“.
На настанот беше и министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман, кој исто така пееше и „диригираше“.
Еднонеделната турнеја во САД на претседателката Грабар-Китаровиќ завршува нa 25 септември. Денес таа на маргините на општото собрание на ОН ќе биде модерантор на панелот за „Локализирање на целите на одржлив развој“, а потоа ќе претседава со состанокот на „Совет на жени – светски лидери“.
Китаровиќ најави дека на сопствен трошок ќе ја посети и ќерка ѝ Катарина која студира на престижниот Универзитет Харвард.
Видеото можете да го погледнете овде.