Милошоски: Заев не прифати никој друг освен Рускоска да има увид во „Рекет“
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој учествуваше во вчерашнитре преговори за законот за јавно обинителство на Фејбук објавува комнетар за тоа зошто не е постигнат договор.
„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот „Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, пишува Милошоски.
Заев му одговори на Милошоски: Јас лично мислам дека „Рекет” води кај Мицкоски