Милошоски: Ваков потсмев немаше ни во К-15! Заев оддава доверливи информации

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот Антонио Милошоски реагира на видеото на руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) кои од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев.

„Ваков потсмев немаше ни во К-15! Заев оддава (македонски, германски и американски) строго доверливи информации на руски пренк-мајстор кој телефонски му се претставува како Порошенко, претседателот на Украина, потоа го местат да поверува дека во разговара и со Столтенберг, а кажува дека е спремен да му даде и 100.000 евра поткуп во кеш на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за црковното прашање!
Ова е брука за цела Македонија. Да те изеде туѓ срам“, пишува Милошоски на Фејбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот