Милијардери бараат дадилка за кучиња, платата е 117.000 евра годишно

Фото: Пекселс

Семејство на американски милијардери со седиште во Обединетото Кралство стана вирално откако објави оглас за дадилка на кучиња со полно работно време и плата од 127.227 долари или 117.282 евра годишно.

„Нашиот редовен клиент бара исклучителна и високо искусна дадилка за кучиња која ќе обезбеди врвна грижа за нивните две сакани кучиња“, стои во описот на работата на „ЛинкедИн“.
„Тие навистина бараат некој кој е на врвот во својот бизнис, кој може да обезбеди целокупна благосостојба, среќа и безбедност на кучињата“, додаваат тие.

Фото: Инстаграм/ richdogsofig

Во огласот, објавен од агенцијата „Ферфакс и Кенсингтон“, се наведува дека избраната личност би живеела со семејство во лондонскиот кварт Најтсбриџ и „ќе треба да пружи исклучителна грижа и внимание на кучињата, третирајќи ги како ценети членови на семејството“.

Фото: Инстаграм/ richdogsofig

Специјалистот за вработување Џорџ Дан изјави за „Кенеди њуз“ дека ова е прв пат агенцијата да објави работа за дадилка на кучиња, а откако бил објавен минатата недела, огласот веќе имал скоро 400 потенцијални апликанти.

„Платата е прилично неверојатна. Клиентите се милијардери кои ја бараат најдобрата услуга, па кога станува збор за нивните кучиња, тие со задоволство плаќаат. Кога парите не се проблем, луѓето го сакаат најдоброто, а вие го привлекувате најдоброто со најдобра плата“, изјавил Џорџ Дан.

Фото: Инстаграм/ richdogsofig

Според огласот за работни места на веб-страницата за вработување, од дадилката ќе се бара да ги надгледува сите лекови на кучињата, транспортот на состаноци, како и да развие режим на вежби „користејќи техники за позитивна мотивација за одржување и подобрување на нивната обука“.

Секој потенцијален апликант треба да биде подготвен да „работи нередовни часови, вклучувајќи вечери, викенди и празници, за да ги задоволи потребите на кучињата и распоредот на семејството“.

Фото: Инстаграм/ richdogsofig

Позицијата бара и кандидат кој има „способност да ракува со чувствителни информации со најголема дискреција и доверливост“.

Дан одби да ја открие расата на кучињата или идентитетот на семејството, додавајќи дека работата доаѓа со шестнеделен одмор, но тоа не е секогаш загарантирано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот