Милевски: Во Битола се формира коалиција ВМРО-Поинаква дополнета со Левица

Горан Милевски ЛДП Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Во Битола се формира коалицијата ВМРО-Поинаква дополнета со Левица, пишува на Фејсбук лидерот на ЛДП Горан Милевски.

„Време е најголемите критичари во Битола да ја превземат одговорноста за состојбите во градот. Сега нема изговори, критики, граѓаните им веруваа, им дадоа доверба, сега очекуваат од нив резултати,“ пишува Милевски.

Тој реагираше откако денеска беше конституиран новиот Совет на општината, за чиј претседател беше избрана Габриела Илиевска од независната листа Поинаку.

„Доколку успеат, ќе им честитам, бидејќи Битола заслужува да биде поубава. ЛДП ќе биде тука да ги следи состојбите. Оставаме јавни претпријатија и институции целосно реформирани и без ниту еден сомнеж за криминал. ЈП Пазари, со целосно променет изглед, модернизирано, со сопствени фотоволтаици за производство на електрична енергија. ЈП Нискоградба, со набавена нова механизација и консолидирано финансиско работење. Детски градинки реновирани, модернизирани и започната градба на нови објекти. Целосно реновирани училишта со нови спортски терени. И на крај, заедно со СДСМ вративме долгови и остававме 6 милиони евра во Буџетот на Општината. Граѓаните сметаа дека тоа не е доволно и нивното мислење го почитуваме. Стандардите се поставени, сите очекуваме резултати и исполнување на ветувањата“, пишува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот