Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање

Владата е посветена во продолжување на процесот на децентрализација, а првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.

– Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.

Со работната група претседаваше првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додека присутни беа и министерот за Финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот