Милевски- Бенгтсон: Северна Македонија има потенцијал за развој на туризмот

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски се сретна со амбасадорката на Кралство Шведска Кристин Форсгрин Бенгтсон, како и Микаел Атерхог, координатор на Организација за развој СИДА.

– Ви честитаме на повторното именување, имавме прекрасна соработка досега, се надеваме на успешни проекти и во иднина, порача Бенгтсон.

На средбата стана збор за клучните предизвици на министерството во следниот период, при што министерот Милевски ги истакна главните приоритети во првите сто дена од работата.

Осврнувајќи се на природните убавини, Амбасадорката го истакна потенцијалот на Република Северна Македонија за развој на туризмот и интересот на шведските туристи да ја посетат нашата држава, при што министерот ја информираше за реализираните проекти на министерството во насока на унапредување на туризмот.

Соработка со министерството, посебно во делот на менаџмент на води, менаџмент на отпад, инфраструктура и интегриран локален развој најави координаторот Атерхорд кој се осврна на претстојните проекти на СИДА вонасока на зајакнување на капацитетите, размена на искуства и практики со шведските институции.

– Голема благодарност за соработката со Шведската Амбасада за проектите кои се спроведуваат преку програмата на УНДП, се надеваме на успешна соработка помеѓу двете земји и во иднина, истакна Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот