Мик Џегер нема да го продава музичкиот каталог на „Ролинг стоунс“: Што ќе им се 500 милиони долари на моите деца

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Песната на легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ вели: „не можете секогаш да го добиете она што го сакате“, а се чини дека со ова се согласува и Мик Џегер, кој навести дека музичкиот каталог на бендот можеби ќе го даде во добротворни цели, наместо да им го остави на своите деца, пренесува „Гардијан“.

Зборувајќи за „Вол стрит џурнал“ („Wall Street Journal“), Џегер вели дека не планира да го продаде музичкиот каталог на бендот по 1971 година, сугерирајќи дека наместо тоа би можел да оди во добротворни цели.

„Ама ајде. На децата не им требаат 500 милиони долари за да живеат добро“, рече познатиот музичар, додавајќи дека ако оди во добротворни цели, „можеби со тоа ќе направи нешто добро во светот“.

Инаку Мик Џегер има осум деца. Најстарото дете има 52, а најмладото 6 години. Најстариот син Карис го доби во 1970 година со актерката Марша Хант. Втората ќерка Џејд (51) ја доби една година подоцна со поранешната сопруга Бјанка Џегер.

Пејачот има четири деца со актерката Џери Хол – ќерките Елизабет (39), Џорџија Меј (31) и синовите Џејмс (38) и Габриел (25). Синот Лукас (24) е роден во 1999 година, додека беше во врска со манекенката Лусијана Гименез Морад, а во 2016 година го доби своjот најмлад син Деверo, со кореографката и поранешна балерина Мелани Хемрик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот