Мијалков имал не две, туку четири домашни адреси

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Скопското јавно обвинителство сепак отвори предмет и истражува дали некој и како му дојавил на сега веќе осудениот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, за да „исчезне“ и 48 часа да биде недостапен за МВР. Тој сам се појави во јавноста, под изговор дека не гледал телевизија, бил болен и имал висока температура додека беше распишана потерница по него.

Полицијата не го пронајде, иако наводно секаде го барала. Како што дознаваме, ОЈО од полицијата побарало детална информација за тоа кој сè знаел и бил вклучен во овој случај. Засега таква информација ОЈО нема побарано од скопскиот Кривичен суд.

Вчера јавната обвинителка Ленче Ристовска кажа дека Мијалков има адреса на живеење и во Прага (Чешка), информација што им била потврдена од Европол. Освен тоа, Мијалков има не две, како што тврдеше МВР, туку три адреси на живеење во Скопје. Полицијата го бараше Мијалков во хотелот „Мериот“, каде што како времен „дом“ од негова страна бил пријавен овој објект, а проверка направи и во семејната куќа на Водно.

Полицијата, наводно, не направила проверка во семејниот стан на Мијалков, лоциран на улицата „Народен фронт“ во скопски Капиштец. Токму оваа му е евидентирана во личните документи како адреса на живеење, а МВР ја објави на меѓународната потерница, што беше распишана по него.

Мијалков мистериозно исчезна неколку денови пред вчерашната пресуда за случајот „Таргет-Тврдина“. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека тој избегал во Белград, па се вратил.

Премиерот Зоран Заев рече дека на неговото семејство му се заканувало обвинение за помагање на бегалец, како и „замрзнување“ на сметката на фирмата на неговиот син, компанија што стопанисува со повеќе правни субјекти во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот