Фото: Принтскрин/Топ Чанел

Мицотакис со коментар за стилот на Рама: Убава вратоврска! (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојува во Грција, каде што имал средба со неговиот грчки колега Кириакос Мицотакис.

Албанскиот портал Сот јавува дека тие имале кратка средба, при што Мицотакис му се обратил со име на Рама и со пријателски тон.

Но, албанскиот премиер од грчкиот колега добил и коментар за неговата вратоврска.

-Убава вратоврска – му рекол тој и се насмеале.

Топ чанел пак објавува и видео од моментот кога се среќаваат Рама и Мицотакис. А од снкимките се гледа дека албанскиот премиер носи машна со бели точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот