Мицотакис ќе се вакцинира на 27 декември: вакцината е „најголемиот извор на оптимизам”

epa08813376 Greek Prime Minister Kyriakos Mitsotakis speaks during a joint news conference with Egyptian President Abdel Fattah al-Sisi (not pictured) at Maximos Mansion in Athens, Greece, 11 November 2020. Egyptian President Abdel Fattah al-Sisi is in Athens for a two-day visit. EPA-EFE/COSTAS BALTAS/POOL

Лично јас, како што се обврзав, ќе се вакцинирам на првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција, ако сè биде во ред, на 27 декември, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека вакцината е „најголемиот извор на оптимизам” и ако се задржат европските временски рокови, првите дози во Грција ќе пристигнат на 26 декември, а ден подоцна да започне вакцинацијата.

-Најважно е да ги убедиме нашите сограѓани дека треба да се вакцинираат, дека вакцината е безбедна и ефикасна, од моментот кога е одобрена од сите надлежни тела, кои се одговорни за лиценцирање на вакви производи. А секако личната симболика на секој од нас, има свое посебно значење. Јас лично, како што се обврзав, ќе се вакцинирам првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција, ако се биде во ред, на 27 декември, рече Мицотакис.

Грчката претседателка рече дека периодот е особено тежок, но позитивно е тоа што „се гледа светло на крајот од тешкиот пат”.

-Можеби сите сме под голем притисок, а некои повеќе од другите, но наскоро ќе имаме позитивен резултат. Ова е многу важно и се надевам дека сите ќе ги разберат важноста и значењето на вакцинацијата, истакна претседателката на Грција.

Од денес попладне оние кои од Велика Британија ќе пристигнат на Кипар одат во седумдневен карантин

На почетокот од средбата, Сакеларопулу и Мицотакис се осврнаа и на претстојните празници и потребата да се прослават во потесниот круг на семејството, без големи собири.

Грчкиот премиер рече дека во овој момент, најголема загриженост предизвикуваат собирите во домовите, но изрази надеж дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките и препораките.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот