Мицотакис: До мај ќе бидат вакцинирани сите граѓани над 60 години

Мицотакис се вакцинираше како и грчката претседателка/ Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Од април очекуваме многу повеќе испораки на вакцини и оценуваме дека ќе бидеме доследни на нашата обврска до крајот на април, најдоцна до почетокот на мај, да ги вакцинираме со најмалку една доза сите наши сограѓани над 60 години кои сакаат да се вакцинираат и нашите сограѓани кои имаат сериозни болести, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на посетата на новиот мегацентар за вакцинација што в четврток ќе почне со работа.

Мицотакис истакна дека „масовната имунизација ќе овозможи да ја вратиме контролата врз нашите животи” и додаде дека на ниво на Европската Унија лично тој извршил голем притисок врз фармацевтските компании да бидат точни во нивните обврски.

– Европа мора да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да гарантира дека европските граѓани ги добијат вакцините за кои се обврзаа големите фармацевтски компании – посочи Мицотакис.

Тој додаде и дека здравствениот систем во Грција издржал и покрај големиот притисок.

Генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус наведе дека досега се надминати 1,5 милион вакцинации, а од 1 април со зголемиот број испораки, земјата ќе влезе во втората фаза од процесот „Слобода“.

Новиот мега центар за вакцинација, што ќе започне со работа на 1 април е во западниот дел на Атина, во саемски објект и има капацитет за 96 центри за вакцинација, од кои во првата фаза ќе работат 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот