Мицкоски: Да почекаме до утре, да видиме да не се премисли Заев

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Да почекаме до утрешниот ден да видиме да не се премисли Заев затоа што знаете таму работите се менуваат преку ден, преку ноќ, преку секој час така што да почекаме до утрешниот ден до лидерската средба да го слушнеме предлогот на Зоран Заев да видиме што мислеше под тоа кога кажа брзи предвремени парламентарни избори за да можеме потоа да дадеме одговор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Јас сум среќен што конечно после овие 22 месеца речиси откако како претседател на ВМРО-ДПМНЕ велам дека политиката којашто ја предводи Зоран Заев,политиките коишто ги предводат СДСМ и ДУИ се погрешни, ја водат Македонија во погрешна насока, денеска и самите тие самокритични беа и признаа дека е време за промени во Македонија, време да победи обновата и време конечно да им се стави крај на оние политичари кои со лаги и измами, со нереализирани ветувања, со неисполнети очекувања ги користи привилегиите во владата на Македонија. Доаѓа тој ден и сите ве повикувам заедно масовно тој ден да излеземе и да им ја испорачаме казната којашто за нив следува, а тоа е да бидат во опозиција, а потоа одговорност од првиот до последниот – вели Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот