Мицкоски: Доаѓа крај на владеењето „Како до сега“; СДСМ: Опозицијата е лицемерна со народот

Во екот на кампањата за претседателксите избори и во очи на почетокот на кампањата за парламентарни избори, продолжуваат меѓупартиските препукувања, навреди и критики. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека се ближел крајот на принципот на ДУИ и СДСМ „како до сега“. Од СДСМ пак го обвинија дека е лицемерен со народот, односно дека едно зборува оред граѓаните, а друго во Европската Унија.

„Нас ние потребен овој историски резултат за да можеме да ја трансформираме Македонија. Бидејќи денеска нашата Македонија е за жал држава која што е заробена во еден цикличен хибриден режим буквално оттргната од граѓаните. И за жал граѓаните не одлучуваат за сопствената држава туку една многу мала група на граѓани предводена од раководството на ДУИ и неколкумина членови на раководството на СДСМ кои што се главни подизведувачи, измеќари на Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и останатите“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

СДСМ преку партиско соопштение реагираа дека Христијан Мицкоски иако зборувал дека нема да поддржи уставни измени, веќе во ЕУ знаеле дека тој ќе ги спроведе доколку дојде на власт.

„Уште еднаш се потврдува дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор.Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот. А Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани. Не само Мицкоски туку и целото ДПМНЕ, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени. ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ во македонското собрание. Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓани, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања. На Мицкоски воопшто не може да му се верува“, пишува во соопштението од СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот