Мета: Крајно неопходно масовно да се зголеми бројот на тестирањата

Фото: Профимедиа

Албанскиот претседател Илир Мета упати апел дека е „крајно неопходно масовно да се зголеми бројот на тестирања”, како ефикасно средство за навремено следење и третман на граѓаните погодени од ковид-19.

Тој, исто така, додава дека е неопходно , без одлагање, да се донесе јасен и транспарентен план за координација со приватниот здравствен систем, со цел да се обединат  енергиите и сите капацитети.

Мета на Фејсбук ја повикува владата да вложи максимални напори за целосно враќање на трошоците за лекување, пред се на пациентите кои се лекуваат дома, на ранливите категории и на пензионерите.

„Во отсуство на конкретен план и стратегија за справување со масовното ширење на пандемијата со Ковид-19, рефлектирано во дневниот раст на бројот на заразени граѓани, за жал и во загубата на животи, здравствениот систем ризикува да потоне во длабок колапс, со исклучително сериозни последици по здравјето на граѓаните. Во овие услови, многу е потребно масовно да се зголеми бројот на тестови, како ефикасна алатка за следење и навремено лекување на граѓаните погодени од Ковид-19″, напиша Мета на Фејсбук.

Тој, исто така, порача дека од суштинско значење е матичниот лекар да биде целосно ефикасен, да се зголеми бројот на медицински и помошен персонал, како и да се испланира соодветен буџет за да им се помогне.

Од денеска полициски час во Албанија, за непочитувачите казна од 80 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот