Меси наскоро ќе му се придружи на Роналдо, ќе стане милијардер

twitter/FC Barcelona

Аргентинецот наскоро ќе стане вториот фудбалер кој заработил милијарда долари во кариерата.

Според магазинот „Форбс“, вкупната заработка на Лионел Меси ќе дојде до бројката од една милијарда долари доколку наредната сезона ја помине во редовите на Барселона. Аргентинецот по последната година од договорот со каталонскиот клуб треба да инкасира неверојатни 92 милиони долари, пишува „Форбс“.

Досега само тројца спортисти заработиле повеќе од милијарда долари за време на активната кариера.

Прв милијардер е Тајгер Вудс, кој до магичната сума дојде уште во 2009 година кога потпиша астрономски договор со „Најки“.
На него му се приклучи боксерот Флојд Мејведер во 2017 година, но тој најголем дел од парите ги заработи од продажбата на ТВ правата на неговите мечеви.

Минатата година Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер, но и спортист кој стана прв милијардер од екипните спортови.
Мајкл Џордан е првиот милијардер помеѓу спортистите, но тој најголем дел од парите ги заработи по завршување на кариерата со разни инвестиции како и со соработката со „Најки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот