Меркел повторно се тресеше на јавен настан: Што е со здравјето на канцеларката? (ВИДЕО)
Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на церемонија во Берлин за назначување на нов министер за правда, повторно изгледаше како да не ѝ е добро и се тресеше во сцена слична како онаа од пред десет дена, на пречекот на новиот украински претседател, Зеленски.
Целата ситуација се случила додека Меркел, која следниот месец ќе полни 65 години, стоела веднаш до германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер.
На канцеларката ѝ понудиле чаша вода, но таа ја одбила.
Агенцијата АП известува дека по половина час Меркел пристигнала во парламентот и дека тогаш изгледала добро.
Кога на канцеларката ѝ се слоши на пречекот на Зеленски од нејзиниот кабинет рекоа дека станува збор за дехидрација.
„Испив најмалку три чаши вода, што очигледно ми беа потребни бидејќи сега ми е многу подобро“, изјави тогаш Меркел.
На Меркел и се слоши – Канцеларката се тресеше за време на церемонијата во Берлин (ВИДЕО)