Меркел: Повлекувањето на САД од Авганистан предизвика домино ефект

Германската канцеларка Ангела Меркел/ Фото: Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Мергел ја изрази својата загриженост поради состојбата во Авганистан, откако талибанците де факто ја преземаа контролата над целата држава, пренесува Билд.

„Доживуваме тешки часови, сега мораме да се фокусираме на спасувањето“ изјави Меркел.

Канцеларката исто така коментираше и за состојбата на аеродромот во Кабул, нагласувајќи дека обезбедувањето е можно само со американските војски,а тоа покажува „што можеме а што не можеме да направиме“.

„Дојде до домино ефект по повлекувањето на американските сили од Авганистан“ констатираше Меркел во првата изјава поврзана за состојбата во Авганистан.

Таа зборуваше и за можниот бран од мигранти кои би ја погодил Европа, додавајќи дека сега состојбата со Авганистанците и нивното напуштање на земјата зависи од Талибанците и од состојбата на границите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот