Меркел: Нови санкции за Русија доколку изврши агресија врз Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел / EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел денеска нагласи дека Европската унија мора да биде подготвена да воведе дополнителни санкции кон Русија доколку ескалира ситуацијата во источна Украина и околу таа област, или на белоруско-полската граница.

Таа на заедничката прес-конференција во Берлин со полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакна дека ЕУ мора да биде обединета по прашањето за употребата на мигрантите од страна на Белорусија како „оружје” против Полска и распоредувањето на трупи од Русија во близина на нејзината граница со Украина.

– Секоја натамошна агресија врз суверенитетот на Украина носи висока цена, изјави Меркел, додавајќи дека смирувањето на ситуацијата секогаш треба да биде пожелна опција.

Германската канцеларка во заминување порача дека конфликтот во Украина мора да се реши со дијалог, а агресија врз таа држава ќе бара заеднички одговор од Европската унија.

– Како што беше случајот со Белорусија, ние треба да покажеме европско единство за прашањето за дополнителни санкции што би можеле да бидат воведени доколку не видиме напредок, нагласи Меркел.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот