Меркел ја прими вакцината на „Астра-Зенека“

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се вакцинираше против Ковид-19 со вакцината на „Астра-Зенека”, јави Дојче Веле.

Канцеларката Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе соопшти дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред.

И претседателот Франк-Валтер Штајнмаер претходно се вакцинираше, исто така, со вакцината „Астра-Зенека”, и притоа изјави дека има доверба во вакцините што се одобрени во Германија.

По препорака на германската Централна комисија за вакцини, од почетокот на април само лицата на возраст над 60 години се вакцинираат со „Астра-Зенека”. Министрите за здравство на федералните провинции пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија „Астра-Зенека” како прва вакцина, на ревакцинацијата да добијат вакцина од „Фајзер“ / „БиоНТек“ или „Модерна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот