Меркел и Макрон повикуваат на внимателност при отворањето на границите: Мора да пазиме да не увеземе нови варијанти на вирусот

epa09283615 French President Emmanuel Macron (L) and German Chancellor Angela Merkel (R) arrive to give a news statement in Berlin, Germany, 18 June 2021. President Macron and Chancellor Merkel met for bilateral talks. EPA-EFE/AXEL SCHMIDT / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа членките на ЕУ во петокот да го координираат отворањето на границите и да бидат претпазливи во однос на новите варијанти на Kовид. Тие исто така покажаа единство во пристапот кон Турција и Русија.

Двајцата лидери на водечките членки на ЕУ се состанаа во Берлин во рамките на подготовките за самитот на Европскиот совет на 24 и 25 јуни, пишува германската агенција ДПА.

„Земјите во ЕУ мора да бидат внимателни да не дозволат ширење нови варијанти“, рече Макрон пред работната вечера со канцеларката во Берлин, кој го прими како прв гостин од странство. ЕУ го следи развојот на ситуацијата во Велика Британија, каде е забележано нагло зголемување на неделните инфекции поради варијантата делта, рече тој на прес-конференција со Меркел.

„Некои држави ги отворија своите граници порано поради туризмот, но ние мора да бидеме внимателни за да не увезуваме нови варијанти“, рече тој.

„Не смееме да се однесуваме како коронавирусот да е зад нас“, рече Меркел. „Сè уште се потребни мерки на претпазливост за да имаме лето со поголема слобода, ако веќе немаме целосна слобода“.

Таа особено повика на претпазливост во контекст на Европското првенство во фудбал.

„Кога ќе видам преполн стадион во некои европски земји, малку сум скептична и се прашувам дали е тоа добар одговор на моменталната состојба“, рече таа, алудирајќи на Унгарија, единствената земја домаќин што не утврди никакви мерки за Еврото.

Неопходност од дијалог со Русија и Турција

За односите со Русија, Меркел рече дека европскиот блок мора да продолжи со дијалогот со Москва и покрај големите несогласувања околу безбедносните и конфликтните прашања во Украина и Сирија.

„Русија е голем предизвик за нас, но Русија е исто така континентален сосед на Европската унија и ние треба да осигураме дека хибридните (сајбер) напади ќе бидат запрени“, рече таа.

„Но, од друга страна, во наш интерес е да одржиме дијалог со Русија, ако сакаме безбедност и стабилност во ЕУ, без оглед колку е тешко тоа“, рече таа.

Го поздрави дијалогот на американскиот претседател Џо Бајден со рускиот претседател Владимир Путин и рече: „Исто така е важно и ние од европска страна да го сториме истото“.

Во врска со односите со Турција, Меркел рече: „Од една страна, постојат разлики во мислењата, од друга зависиме едни од други ако сакаме да формираме некои прашања заедно“, рече таа, пренесува „ДПА“.

„Тоа е прашањето за мигрантите, за иднината на Либија, и на Сирија“, рече Меркел.

Европска одбрана и економија

Заздравувањето на европската економија е приоритет сега, а не дискусија за регулативата за буџетот, рече Макрон.

Тој конкретно се осврна на прашањето за заедничка одбрана, велејќи дека целта на Европа да биде автономна во одбраната е компатибилна со членството во НАТО, пренесува Ројтерс.

„Успеавме во идејата дека европската одбрана, стратешката одбранбена автономија можат да бидат алтернатива на проектот на трансатлантска организација, но и нејзината многу солидна компонента“, рече тој.

Тој тврди дека американскиот претседател Бајден покажал почит кон ЕУ на политичко ниво како желба да се работи со ЕУ како партнер.

Меркел, која сака НАТО да остане во сржта на европската одбрана, е среќна што САД повторно создадоа „атмосфера на соработка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот