Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

Лидерот на ДПА, повикувајќи ги гостиварци на поголема излезност и да му ја дадат поддршката, нагласи дека со тоа ќе се остварат целите на политичката програма.

Вие, од Гостивар и Тетово сте единствената надеж за Преспа, Струга, Дебар, Куманово и Скопје. И верувам дека на 15 јули ќе ставите печат врз поразот на Али Ахмети, со овие зборови лидерот на Демократската партија на албанците Мендух Тачи го нагласи националниот  потенцијал, кој како што рече го поседува Гостивар.

На вечерашниот митинг на градскиот плоштад во рамки на предизборната кампања, Тачи кој е носител на кнадидатаската листа на ДПА во 6ИЕ се осврна на кампањата на неговите политички опоненти од ДУИ и нивното владеење.

– Али Ахмети и Насер Зибери ги поврзува Југославија и УДБа. Тоа е истата политика со која за жал, успеаа да ги измамат и да им го украдат времето на помладите генерации. Но, верувам дека сега е крај. Заедно, со максимална посветеност, верувам дека ќе успееме. Гостивар знаеше како да се издигне, бидејќи има висока национална и политичка свест – рече Тачи.

Во обраќањето тој ја критикуваше мерката на владата со издавањето на платежни картички, кои според него го зголемиле ризикот од ширење на корона вирусот. Тој зборуваше и за ефектите од кризата која е предизвикана од пандемијата.

– Со тие картички, пред банките направија редици во кои има и по сто луѓе и на тој начин го загрозуваат здравјето на луѓето. Требаше да ги достават дома, на врата. Исто како што поштарот ни доставува решенија од извршител. Имаме план со кој, во рок од максимум сто денови на сите Албанци кои имаат бизнис да им се надоместат загубите. Тоа ќе се направи од државниот буџет или и од меѓународните монетарни институции – нагласи Тачи.

Според него во текот на овие четири-пет месеци загубите биле катастрофални, нагласувајќи притоа дека во секторот угостителство во Тетово и Гостивар без плати останале над дваесет илјади луѓе и биле загрозени исто толку семејства.

Лидерот на ДПА, повикувајќи ги гостиварци на поголема излезност и да му ја дадат поддршката, нагласи дека со тоа ќе се остварат целите на политичката програма.

– Од вас барам да се мобилизирате во поголем број на гласање. Знам дека некои луѓе не доаѓаат на митинзи, бидејќи им се врши притисок и од локалната и од централната власт, но сепак ви велам дека победата е загарантирана. Луѓето кои гласаат за мене, имаат по телото рани од ДУИ и економски рани, па така не правам договор со нив. Сега е моментот и како членка на НАТО одиме со безбедни чекори, а Македонците ќе бидат обврзани да го прифатат дводомниот парламент – подвлече Тачи.

Од говорницата се обратија и кандидатите за пратеници Ардита Муареми и Фримзим Даути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот