Меланија Трамп: Мојот сопруг ќе стори се за да се изнајде ефективно лечење од коронавирус или вакцина (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вети дека претседателот на САД ќе стори сѐ за да се изнајде ефективно лечење од коронавирус или вакцина достапна за сите.

Сопругата на американскиот лидер настапи синоќа виртуелно на конвенцијата на Републиканската партија на САД од неодамна реставрираната Градина на розите во Белата куќа, пред дваесеттина присутни гости и претседателот Доналд Трамп.

-Давам искрено сочувство на сите кои ги загубија најблиските, изјави првата дама, додавајќи дека е свесна за загриженoста на многу луѓе.

Таа посочи дека Администрацијата на нејзиниот сопруг нема да ја запре борбата додека не се појави ефективен лек или општо достапна вакцина. Меланија исто така изрази благодарност до докторите, медицинските сестри и учителите за нивната служба во борбата против пандемијата.

Говорот на првата дама медиумите во САД го нарекоја „искрен” и „оригинален”, откако беше обвинета дека на конвенцијата на партијата во 2016 година плагијазирала дел од говорот на Мишел Обама, поранешна прва дама на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот