Меланија Трамп ги повика компаниите да не ги рекламираат е-цигарите

Фото: Профимедиа

Првата дама на САД, Меланија Трамп ги повика денеска компаниите да престанат да ги рекламираат електронските цигари поради децата, нагласувајќи дека тие создаваат зависност и се опасни.

– Рекламирањето пред децата на овие производи, кои создаваат зависност, мора да се спречи, истакна таа.

Според неа, „тинејџерите и младите луѓе мора да се охрабрат да ја признаат зависноста и да побараат помош”.

Најголемиот производител на електронски цигари Јул Лабс најави дека ќе го прекине рекламирањето на тие цигари во САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот