МЕКСИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: Не ни е потребна ваша помош во борбата со наркокартелите

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја одби понудата за помош од американскиот претседател Доналд Трамп по заседата и убиството на американско семејство, со тоа што изјави дека „на мексико не им треба интервенции од страна за да се справат со наркокартелите“.

Коментарите на Лопез Обрадор се појавија веднаш откако Трамп твитна дека е време Мексико да почне војна со наркокартелите и да ги избрише од лицето на земјата со помош од САД.

Во претходниот твит, Трамп рече дека картелите станале толку големи и моќни што понекогаш е потребна војска за да ја порази војската. Подоцна, откако зборуваше со Трамп, Лопез Обрадор му се заблагодари на американскиот претседател за понудата и го уверил дека владините институции на Мексико ќе обезбедат правда.

Девет члена на семејството со двојно американско-мексиканско државјанство, претежно жени и деца, биле убиени кога нивните три возила биле чекани во заседа и нападнати од криминални банди во регионот Сиера Мадре Оцидентал.

Според извештаите, нападот можел да е случај на згрешен идентитет, односно дека групата сметала дека ги нападнала своите ривали. Лопез Обрадор рече дека Мексико е подготвено да работи со ФБИ на случајот ако не се загрозува независноста на Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот