МЕКСИКАНСКА МАФИЈА НЕ ПРОСТУВА: Убиен новинар кој известувал за криминал! Телото го оставиле на тротоар (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Новинарот Франсиско Ромеро Дијас е убиен во Мексико, соопштуваат локалните власти. Така, Дијас е петтиот новинар кој е убиен во Мексико во текот на оваа година.

Мртовото тело на Дијас било пронајдено на тротоар, а тој бил новинар кој работел за дневниот весник „Кинтана Рој“ и известувал за криминалот во оваа земја.

Се смета дека мексиканска мафија му го одзела животот, а мртвото тело го оставиле на тротоар.

Мексико се наоѓа на 147. место на ранг листата од вкупно 180 места на листата на слобода на медиумите на Репортери без граници.

Мексико е помеѓу најопасните места за новинари во светот, на исто ниво со Авганистан, Јемен и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот