МекМанус: Миовски е доволно добар да игра за Селтик или Ренџерс

фото: EPA-EFE/Bjorn Larsson Rosvall

Бојан Миовски и сезонава има добри настапи во дресот на шкотскиот Абердин иако резултатите на клубот не се најдобри на домашната и меѓународната фудбалска сцена.

Македонскиот репрезентативец веќе има девет голови сезонава, а лани запиша вкупно 18.

Тамошните медиуми пренесуваат дека Селтик би можел да бара други опции за во нападот. Абердин поминува низ тешка сезона и моментно е на 10 позиција во шкотската Премиер лига. Но, тоа не го спречува Миовски да продолжи да ги тресе противничките мрежи.

Според Тем Мекманус, шкотски аналитичар и коментатор, нашиот напаѓач е на нивото на најголемите фудбалски клубови на таа земја, Селтик и Глазгов Ренџерс.

– Мислам дека тој е навистина добар и талентиран играч, умен, навистина добар напаѓач. Селтик или Ренџерс, мислам дека е на тоа ниво. На теренот може да придонесе за Селтик и Ренџерс. Не се обидувам да го продадам. Но, Абердин ќе се мачеше да го задржи, бидејќи тој сè уште постигнува голови во тим кој е прилично слаб, моментално и неконзистентен – вели МекМанус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот