Медведев со пресврт до триумф над Хуркач на стартот од завршниот мастерс

Медведев со победа го започна настапот на завршниот мастерс кој се игра во Торино/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Рускиот тенисер Данил Медведев со победа го започна настапот на завршниот мастерс во Торино, откако актуелниот шампион во првото коло во црвената група со 6:7,6:3,6:4 го совлада Хуберт Хуркач.

Медведев и Хуркач одиграа одличен меч на отворањето на турнирот, а подобар на стартот беше дебитантот Хуркач кој го освои првиот сет во тај-брејкот. И двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис и само еден гем се играше на разлика, но Хуркач не дозволи брејк топка.

Одличниот сервис на двајцата сервис ги однесе во тај-брејкот каде подобро се покажа полскиот тенисер, Хуркач поведе со 6:2, но ја искористи дури четвртата сет топка за 7:5 и водство во сетови.

Во вториот и третиот сет, Медведев го крена нивото на играта и имаше контрола на мечот. Уште на самиот старт од вториот сет направи брејк и поведе со 2:0 по што со сигурен сервис го освои сетот. Во одлучувачкиот трет сет идентична слика од вториот, Медведев направи брејк во вториот гем и потоа со сигурен сервисја зачува предноста до крајот на мечот.

И статистиката беше на страната на Медведев кој имаше 15 ас сервиси, наспротив 12-те на Хуркач, а интересно е што Русинот ниту еднаш не се соочи со брејк топка. И двајцата тенисери имаа по 31 винер, но Медведев имаше само осум неизнудени грешки наспроти 17-те на Хуркач.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот