Медицинска сестра од ГОБ „8 Септември“ почина од коронавирус

Градска општа болница „8 Септември" (поранешна Воена болница)
Градска општа болница „8 Септември" (поранешна Воена болница) / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Медицинската сестра Нашиде Емини (1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје почина од коронавирусот, соопшти Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

– Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски, пишува на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот