Масовна продажба на хотелите во Грција

Кризата со коронавирусот принуди продажба на стотина хотели моментално на северот на Грција. На грчките интернет-страници за недвижности во моментот има исклучително богата понуда на грчки хотели на северот на земјата, со најголем број објекти лоцирани на Халкидик. Цените се неверојатни и почнуваат од 160 илјади евра, а најголемите хотели надминуваат и десет милиони евра.

Хотелите во Аспровалта, Врасна, Калитеа, Полихроно, Неа Муданија, но и сите други туристички места на северот на Грција може да се купат за малку пари, а најевтиниот објект чини 160 илјади евра и се наоѓа во Врасна. Објектот има четири апартмани и се наоѓа на 200 метри од морето.

Од 300 илјади до половина милион евра може да се купат објекти со 20-ина соби и базен.
Хотел се продава во Неа Мармарас за 1,5 милион евра. Хотелот има два објекта, 44 соби, рецепција, базен, поглед на море и делумно е реновиран.

На продажба е ставен и хотел во Полихроно за 2,1 милиона евра. Хотелот располага со 41 соба и е изграден во 1990 година. Нов хотел со 25 соби може да се купи за три милиони евра. Оние што сакаат хотел на брегот треба да издвојат пет милиони евра. Поточно, хотелот на брегот на полуостровот Касандра има 22 соби и чини 5,5 милиони евра.

Нов хотел на истиот полуостров со 28 соби чини девет милиони евра. Поголем хотел со 130 соби на Халкидик може да се купи за приближно 11 милиони евра, а уште поголем хотел со 150 соби поскап е за еден милион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот