Фото: ФФМ

Масар Омерагиќ: Браво, браво момци – со цело срце за вас

Фудбалската А репрезентација на Македонија одигра реми без голови против Белгија во Гент и го задржа првото место после гостувањето кај најголемиот фаворит во групата во квалификациите за СП 2026.

Ова е голем бод кој внесува уште поголеми мотиви пред преостанатите два натпревари, против Казахстан во понеделник во Скопје и следниот месец против Велс во Кардиф.

Белгија ја имаше фаворитската улога, селекторот Благоја Милевски одлучи да го препушти комплетно поседот на топката, но затоа изгради цврст бедем пред фантастичниот Столе Димитриевски на голот.

Македонија освои голем бод во Гент, но сега веднаш фокусот треба да се насочи кон следниот предизвик, Казахстан во понеделник во Скопје.

– Браво, браво момци. Со цело срце за нас – веднаш се огласи по мечот во Гент, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот