Мас: Не сметајте на подобри односи со САД, ако Трамп ги изгуби изборите

САД остануваат наш најважен партнер надвор од Европа, потенцира Мас.

„Односите помеѓу Берлин и Вашингтон нема автоматски да се подобрат доколку Доналд Трамп изгуби на престојните претседателски избори“, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

– Оние во Европа, кои мислат дека се ќе се смени во Белата куќа би требало да се подготват на фактот дека дури и во тој случај, оти односите нема да бидат релаксирани како некогаш, истакна Мас за „Рајнише пост”, додавајќи оти американската надворешна и безбедносна политика не е смената само од доаѓањето на Трамп на власт.

Мас наведе дека Берлин работи на тоа трансатлантските односи да имаат иднина без оглед на разликите во мислењата.

– Видовме дека комуникацијата е отежната и оти Белата куќа носи одлуки без претходен разговор со партнерите во Европа. Но, нас ни се потребни САД во иднина. И обратно. САД остануваат наш најважен партнер надвор од Европа, потенцира Мас.

Тој запрашан за обидите на Трамп да ја врати Русија во Г-7 истакна дека е против тоа поради анексијата на Крим и судирите во Источна Украина.

– Додека не најдеме решение нема шанси тоа да се случи. Самата Русија може најмногу да придонесе за повторно отворање на таа врата, истаклна Мас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот