Мартинијан Кириловски победник на „Макфест“

Twitter

Синоќа во Штип заврши 34. издание на фестивалот „Макфест“.

Првата награда ја доби Мартинијан Кириловски, кој ја изведе песната „Сто пати на ден“.

Второто место го освои дуетот Александар Митевски и Дац со песната „Уште ми фалиш“, а на третото место се најде српската група „Фрајле“ со песната „Не и признавај“.

Наградата за најдобар аранжман ја доби Иле Спасов за композицијата „Твоите очи лажат“.

Најдобар сценски настап имаше Мартија Станојковиќ за изведбата на „Возбуда и љубов“, а најдобра вокална интерпретација, според жирито, Росана Сариќ Тодоровска, за песната „Спомени“.

Наградата за најдобар дебитант ја доби струмичанката Славица Ангелова, која ја изведе композицијата „Љубовта не боли“.

За разлика од минатата година, кога имаше коментари дека сумите за првонаградените се астрономски, оваа година наградата за првопласираниот е 5.000 евра, второпласираните добија 3.000 евра, а за третото место се издвоени 1.000 евра.

И претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук му честиташе на Мартинијан.

Честитки за Мартинијан Кириловски за добиената прва награда на овогодинешното издание на „Макфест.“ Им честитам и на…

Publiée par Stevo Pendarovski sur Samedi 12 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот