Марија Шерифовиќ откри во какви односи е со сурогат-мајката на нејзиниот син и што се случило пред породувањето

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската пејачка Марија Шерифовиќ пред неколку дена објави дека на 2 декември добила син со помош на сурогат-мајка во Лос Анџелес. Пејачката добила син на кој му го дала името Марио.

Марија потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е таткото на детето, ниту пак, која е сурогат-мајката која го донела нејзиниот син на свет. Сепак, Марија признала во какви односи е со сурогат-мајката. Двете биле многу блиски, а Марија со неа одела на прегледи пред породувањето и била покрај неа во текот на бременоста.

– Тоа е жената која помогна да се исполни мојата најголема животна желба. Имавме најблизок можен однос, секој ден разговаравме, заедно ги поминувавме сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи – изјавилаМарија и открила како дошла до тоа да се одлучи за сурогат -мајка.

– Пред да се одлучам за сурогат-мајчинство, повеќепати се обидов да ја изнесам бременоста и не успеав во тоа, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат-мајчинството конечно беше мојот единствен избор – раскажала пејачката за „Блиц“.

Марија на почетокот на ноември замина во Лос Анџелес заедно со нејзината мајка Верица Шерифовиќ, за да биде покрај сурогат-мајката во последните денови од бременоста.

Марија Шерифовиќ откри што добила од претседателот Тадиќ за победата на Евровизија

Марија Шерифовиќ откри чија ДНК носи нејзиниот син и што пишува во документите на малиот Марио

Марија Шерифовиќ откри зошто доби дете преку сурогат-мајка: Неколку пати пробав да забременам…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот