Маричиќ и СЕП ќе обезбедуваат институционална поддршка за проектите од Отворен Балкан

Фото: илустрација / Влада на РСМ

На денешната седница, Владата донесе одлука со која ги задолжи вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка за реализацијата на иницијативите и договорите во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Ваквата одлука претставува зајакнување на институционалните капацитети со цел засилено да се спроведат проектите кои се дел од оваа регионална иницијатива.

Координацијата на Отворен Балкан и на регионалните иницијативи од страна на Владата ја реализира Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец и националната координаторка за регионална соработка и за европски интеграции, Нола Исмајлоска – Старова.

Премиерот Ковачевски и македонската Влада се домаќини на следниот лидерски самит на Отворен Балкан кој ќе се одржи во првата половина од јуни во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот