Маричиќ е убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија за блокирање на европската интеграција на земјава

„Јас сум убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и луѓе кој што ќе и ја разбираат тежината на ситуацијата, разбираат дека ставањето на својата држава под заложништво, политичко заложништво наводството на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок ако не на краток тогаш на среден рок, ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина и дури можеби и на долг рок ставање под прашање на нашата реална можност за Европска интеграција“, ова го вели вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“.

Тој додава дека можеби токму и тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има шпекулации дека намерно го прават ова за да отворат пат за други држави и да си отворат пат за себеси да јаваат на бранот на популизмот.

„Јас сум убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија и со структури во другите држави од регионот а која е целта на таа комуникација нека објаснат самите“ рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот