Малолетниот син на пилотот кој загина кај Зрењанин за трагедијата слушнал на вести

Фото: Курир

Вчера при пад на авион кај Зрењанин во Србија загина 47-годишниот Владимир Булат, искусен пилот од Белград, а неговиот малолетен син на вести дознал за трагедијата, пренесува Курир.рс. 

Сопругата на Булат била видно потресена и не можела да се смири, пренесуваат очевидци за српските медиуми.

– Рече дека нејзиниот син на вести на мобилен телефон видел слика од својот татко и така дознал дека загинал. Таа низ солзи повторуваше „Зар детето вака да дознае дека остана без татко? Не стигнав ни да го подготвам“ – рекол очевидец за потресната сцена.

Како што дознава Курир, околностите за страшната несреќа и натаму не се во целост познати, а се препоставува дека причина за падот на авионот е дефект на моторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот