Македонските познати личности се простуваат од Славиша Кајевски: „Каков удар сине, монструозен и подмолен шок…“

Славиша Кајевски/ Фото: Фејсбук

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски починал, неговите колеги и пријатели во шок, неверување и со тага се простуваат од актерот со срцепарателни објави на социјалните мрежи.

Утрово МНТ, матичната куќа на Славиша Кајевски, ја објави веста дека младиот актер трагично го загубил животот на 39-годишна возраст.

По објавувањето на трагичната вест, не престануваат да се нижат емотивните објави упатени кон починатиот актер.

Министерката за култура Ирена Стефоска се прости од Кајевски со зборовите:
„Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша.“

Меѓу бројните колеги и јавни личности се Весна Петрушевска, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Кристина Арнаудова, Гаро Тавитјан, Елена Ристеска…

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу… одмори се и поздрави ги другарите“, напиша Весна на Фејсбук.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот