Македонските одбојкари се подготвуваат за Европската златна лига, првиот ривал е Украина

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Годинава најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија ја очекуваат два големи настани, Европската златна лига и Европското првенство.

По освојувањето на четирите сребрени и две бронзени медали во единствената Европска, а потоа и во т.н. Европска сребрена лига, нашите најдобри одбојкари сега предводени од новиот селектор Јошко Миленкоски ќе бараат добар резултат и во Европската златна лига.

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во групата „Б“ заедно со селекциите на Белгија, Украина и Хрватска.

Првиот меч избраниците на селекторот Миленкоски ќе го играат на гостински терен против Украинците во полскиот град Лоѓ.

– Гостувањето кај Украина на 27-ми овој месец ќе биде првиот предизвик за македонските одбојкари во Европската златна лига. Во нашата група се и Белгија и Хрватска, што значи дека конкуренцијата е силна, а тоа им е потребно на „црвено-жолтите“ пред Европското првенство во Скопје на крајот на летото. По воведниот дел во Маврово, националниот состав сега работи во Скопје – вели еден од најискусните во македонската репрезентација, примачот Владо Милев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот