Македонските кикбоксери убедливо најдобри на меѓународниот турнир во Ниш

Голем успех на македонските кикбоксери на Балкан бест фајтер/фото: instagram.com/urkourko

На меѓународниот турнир „Балкан бест фајтер“ во Ниш, Србија, македонските кикбоксери освоија вкупно 105 медали.

Нашите натпреварувачи беа најдобри и го освоија првото место. Се закитија со 39 златни, 31 сребрен и 35 бронзени.

На втората позиција се најдоа српските кикбоксери со 47 медали, следуваат Црна Гора (12), Босна и Херцеговина (четири), Бугарија (три) и Хрватска (еден).

Македонија дојде до пехарот за најуспешна екипа на татами. По клубови еве како медалите се распоредени:

Гладијатор – Скопје 8 златни медали, 1 сребрен и 2 бронзени
Шампион – Скопје 7-7-7
Тим Зоран – Струмица 7-4-4
Максам – Прилеп 3-3-5
Тетово 3-1-1

Будо – Велес 2-2-2
Работнички Адора 2-2-1
Енерџи – Битола 2-1-1
Самурај – Битола 2-1-0
Гладијатор фајт тим – Штип 1-6-3

Гладијатор Неготино 1-1-2
Патриот – Крива Паланка 1-1-1
Ас – Делчево 1-1-1
Наско тим – Скопје 1-1-0
Комбат – Радовиш 1-0-0

Будо – Кавадарци 0-3-5
Лидер – Виница 0-3-3
Куманово 2006 0-2-0
Предатор – Куманово 0-1-2
Врапчиште 0-1-0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот