Македонскиот борач Алили освои бронза на меѓународниот турнир во Софија

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Голем успех за македонското борење донесе Бесир Алили на меѓународниот турнир „Дан Колов – Никола Петров“ во Софија, Бугарија.

Нашиот натпреварувач во категоријата до 50 кг. во борбата за бронзениот медал со 5:3 триумфираше над Р. Ковач од Романија.

Претходно Алили славеше против М. Рахими од Иран (4:3), а во полуфиналето претрпе пораз од Турчинот А. Думан со 11:0

Во женска конкуренција Вероника Рјабоволова во категоријата -50 кг. во полуфиналето загуби од осумкратната европска шампионка, трипати светска и четирикратна олимписка медалистка М. Стадник од Азербејџан.

Според најавите, Рјабоволова в недела ќе се бори за бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот