Македонски убавици! Бисера и Ангела од Кина и Турција се враќаат со титули! (ФОТО)

Фото: Промо

Минатава недела девојки од Модното студио „Црнокрак“ учествуваа на два интернационални избори за убавина.

Едниот се одржа во Анталија, Турција – Кралица на Евроазија (Queen of Eurasia 2019), а другиот во Лонган, Кина – Мис Глоуб Туризам (Miss Tourism of the Globe 2019).

Фото: Промо

На двата избори девојките од Македонија успеаја да освојат титули. Во Турција дваесетиеднагодишната кумановка Ангела Спасовска ја освоји титулата Кралица на Медитеранот (Queen of Mediterranean), како најубава од девојките од медитеранските држави, а во Кина младата шеснаесетгодишната Бисера Цуцулова од Скопје ја освои титулата Мис Потенцијал (Miss Potеntial), како најдобра во конкуренција на учесничките до 18 години.

Фото: Промо

Победничка на изборот во Турција, на кој учествуваа 40 девојки од Евроазија беше претставничката на Русија, а во Кина во конкуренција на 60 девојки од исто толку држави од целиот свет победи убавицата од Франција.

Фото: Промо

Девојките од Модното студио Црнокрак, кое ги има лиценците за овие избори, се претставија во Кина и во Турција во креации на нашите модни дизајнерки Љумние Љоки и Соња Методиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот