Македонски дуел во второто коло на ЛШ, ХЈК и Илиев против норвешкиот Молде

Стефан Ристовски/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Официјално завршија сите натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, по кои ги дознавиме сите парови од втората рунда.

А таму ќе биде ХЈК на македонскиот репрезентативен Дејан Илиев кој го елиминираше Ларне од Северна Ирска.

На првиот дуел славеше финскиот претставник со 1:0, па возврати Ларне кој на домашен терен беше подобар со 2:1. Во продолженија Финците дојдоа до победата по автоголот на Вант во 97 минута.

Нашиот голман Илиев беше стартер, го одигра целото прво полувреме по кое неговата екипата водеше со 1:0, а беше заменет на стартот од вториот дел поради повреда.

Во второто квалификациско коло противник на ХЈК ќе биде Молде од Норвешка.

Ќе имаме македонски дуел за пласман во третото квалификациско коло, Динамо Загреб на Стефан Ристовски ќе игра против Астана на Алекса Амановиќ.

Првите натпревари од второто квалификациско коло во ЛШ ќе се играат на 25/26 јули, а реванш средбите се на 1/2 август.

Квалификации за ЛШ
Второ коло, двојки

Жалгирис – Галатасарај
Лудогорец Разград – Олимпија Љубљана
Ракув Ченстохова – Карабах
Клаксвик – Хакен
ХЈК – Молде
Бреидаблик – Копенхаген
Шериф Тираспол – Макаби Хаифа
Арис Лимасол – БАТЕ Борисов
Зрињски Мостар – Слован Братислава
Динамо Загреб – Астана

Лигашки пат, двојки –

Днипро-1 – Панатинаикос
Сервет – Генк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот