Македонски државјанин на автопатот Белград-Ниш возел пијан, дрогиран и без возачка дозвола

фото Миа

Српската полиција рано утрово запрела државјанин на Северна Македонија на возраст од 32 години, кој возел пијан и дрогиран по автопатот Ниш- Белград со брзина од 173 километри на час, на место каде што ограничувањето изнесува 130 километри на час, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, сообраќајната полиција на наплатната рампа Врчин кај Белград околу 4,43 часот запрела автомобил марка „Порше Карера”, управувано од државјанин на Северна Македонија.

Утврдено е дека тој возел без да има положено возачки испит и со 0,28 промили алкохол во организмот, додека со тестот за дрога утврдено е дека е под дејство на кокаин.

Возачот е приведен во службените простории на полицијата и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот