Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги почнува квалификациите на „Австралија опен“

фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по полноќ по македонско време (или околу пладне по австралиско време) ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на „Австралија опен“ во Мелбурн.

Противничка на Ѓорческа е полската тенисерка, 31-годишната Катарзина Кава. Мечот ќе се игра на теренот број 13 и е предвиден како втор од програмата. Првиот меч на овој терен треба да почне во 10 часот по локално време или на полноќ по македонско време.

На првиот ден од квалификациите – понеделник поради дожд не се одигра ниту еден меч.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Ѓорческа и Кава. Ѓорческа 2017 година беше на чекор од пласман на главниот турнир, откако загуби во третото коло од квалификациите, додека полската тенисерка досега имала три настапи во квалификациите на Австралија опен и три порази во првото коло.

Како што информираат од македонската тениска федерација, се очекува и Македонци кои живеат во Мелбурн, да го следат мечот и да ѝ дадат поддршка на македонската тенисерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот