Македонија „бронзена“ на Екипното Балканско првенство во шах за младинци

Македонските млади шахисти покажаа одлични игри и добри резултати/фото: facebook.com/Шаховска-Федерација-на-Македонија

Заврши Екипното Балканско првенство во шах за младинци до 18 години кое се одржуваше во одлични услови во „Хотел СКАРДУС“.

По неизвесна борба до самиот крај првото место го освои репрезентацијата на Грција, втора беше Словенија.

А на третото место со што ни го донесоа и бронзениот медал се пласираше првата екипа на Македонија.

Боите на нашата репрезентација во оваа силна конкуренција ги бранеа Емил Ристески, Андреј Велјаноски, Леонид Петрески, Антон Златков и Моника Жежовска предводени од селекторот Орце Данчевски.

– Ова беше одличен завршеток на оваа година во која нашите младинци во неколку наврати покажаа одлични игри и добри резултати и се надеваме дека во наредните години ќе имаат уште подобри резултати – пренесуваат од Шаховската федерација на Македонија.

На првенството настапија по една екипа од Словенија, Грција, Албанија и Косово, и по две екипи од Црна Гора и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот