Мајката на трикратниот убиец од Сплит зборува сѐ најлошо за синот: Речиси и да немаме контакт, тој е психопат

Фото: Фејсбук.

Во таа прилика Етел давала исказ против братот на Филип, кој го пријавила за смртни закани, јавува Слободна Далмација.

Имам и син Филип, има 24 години и не живее со нас, си изнајми стан, но не знам точно каде. Со него речиси и да немам контакт, бидејќи за жал и тој е психопат, рече Етел Завадлав пред десет месеци, во март минатата година пред Жупанскиот суд, пишува Еспресо.рс.

Во таа прилика Етел давала исказ против братот на Филип, кој го пријавила за смртни закани, јавува Слободна Далмација.

Во оваа постапка на момчето му бил одреден притвор во истражниот затвор каде поминал три месеци, од март до јуни.

Фото: Фејсбук

Етел во сведочењето ја објаснила и својата семејна ситуација, истакнувајќи дека два пати била мажена и дека вкупно има пет деца од тие два брака.

За трикратниот убиец од Сплит, Филип рекла дека е психопат, но не прецизирала зошто го мисли тоа за својот син.

За помладиот син, кој го пријавила дека и се заканувал оти ќе ја убие, бидејќи во една прилика кога тој сакал да го носи кучето на шетање таа тоа не му го дозволила, изјавила дека односите и биле добри се додека тој не почнал да зема дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот