Мајката на Бритни Спирс конечно ја поддржа

бритни спирс
ФОТО: Инстаграм

Мајката на Бритни Спирс, Лин Спирс, во средата поднела судски документи со барање за дозвола поп ѕвездата да ангажира свој адвокат среде битката за старателство пренесува „PageSix“.

Лин, која никогаш не учествувала официјално во она што го има наречено „уникатно старателство“ на Бритни, но се смета за „заинтересирана страна“, побарала во петицијата добиена од страна на „PageSix“, судот „да ги слушне желбите на нејзината ќерка“, односно пејачката да може „да ангажира свој приватен правен советник“ за првпат во последните 13 години.

39-годишната Бритни претходно била застапувана од Самуел Д. Ингам Трети, кого судијата го назначил за нејзин адвокат во февруари 2008 година на почетокот на јавните инциденти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess_P (@iitz_barbie)

Ингхам побарал да се повлече од случајот во документацијата поднесена во вторникот. Адвокатската фирма која неодамна била вклучена да му помага, исто така, побарала да се повлече, оставајќи ја Бритни без легален тим.

Лин го нарекла судското сведочење на Бритни на 23 јуни „многу храбро претставување“ и ја пофалила својата ќерка за „отварањето на срцето пред судот во страствена молба да биде сослушана“, во барањето. Таа исто така рекла дека Бритни е „способна да се грижи“ за себе и била во можност тоа да го прави тоа „во изминатите многу години“.

Лин продолжила да ги изложува побараните измени, вклучително со „прекинот на старателството без таа да мора да претрпи уште една проценка“, имено „ да ѝ биде дозволено да се омажи и да роди бебе“ со своето момче Сем Асгари и да може „да го искористи својот глас за себе“.

За време на сведочењето на Бритни, таа го опишала старателството кое ги контролира нејзините лични работи и имот  како „насилно“. Ѕвездата исто така тврдела дека „не знаела“ дека може да направи приговор за распуштање на аранжманот. Следното рочиште за случајот е закажано за 14 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот